Вчерашните Квоти на денот беа добитни, зошто и денеска да не биде така?

Во деновите кога се слави католичкиот Божиќ, спортската понуда секогаш е најмала. Сепак, дека и кога нема многу мечеви за играње, може да се направи добитна комбинација, покажаа и вчерашните Квоти на денот во Sport Life. Трите понудени меча донесоа добитна квота од девет.

Денешната понуда е необична, но, секако, може да е добитна. Во Иран, Сепахан е домаќин на Пајкан, а комбинацијата е да има најмалку еден гол во првото полувреме, а на крајот мечот да заврши 3+. Квотата за 1+I&3+ е 2.75.

Во Турција ќе играат Аданаспор и Кочаелиспор, а и тука треба да се одигра на голови, и тоа 1-3 I& 1-3 II, што носи квота од 2.25.

Третиот меч е од алжирскиот фудбал, и тоа УСМ Алгер и МЦ Оран. За домаќините да дадат барем еден гол во првото полувреме, односно да имаат два гола на цел меч, квотата е 2.25.

Ако ги одиграте овие три меча заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 13.92.

- Оглас -

Најнови вести