Вечер се игра мајсторка за титула во НХЛ, можно ли е канадско чудо над чудата?

Флорида пантерс и Едмонтон оилерс вечерва во 2 часот по полноќ го почнуваат седмиот решавачки меч од финалето на плејофот во хокеарската НХЛ лига.

Пантерите пред десет дена беа пред освојување на титулата, водеа со 3-0 во победи, но никако не успеваа да го зададат и последниот удар, Нафташите се вратија во „Стенли купот“ и изедначија на 3-3.

Само еднаш во историјата на НХЛ се случил пресврт од 0-3 до 4-3 во финалето, и тоа Торонто против Детроит во далечната 1942 година.

Ако Едмонтон го комплетира пресвртот и направи чудо какво не е видено 82 години, е станат и првиот канадски тим после 31 години со титула во НХЛ. Според квотите во Sport Life, благ фаворит за победа се домаќините од Флорида.

 

- Оглас -

Најнови вести