Вечер за јубилеи и историја – Џеко со 50-ка го испрати Интер кон нокаут-фазата, Халер направи подвиг што го нема никој во ЛШ (Видео)

Интер речиси сигурно ќе игра во осминафиналето во Лигата на шампионите по победата од 2:0 вечерва против Шахтар во петтото коло во Д групата, а таму веќе беше Ајакс, екипа што го победи Бешикташ со 2:1 во Истанбул.

Премиерните два меча од вториот ден во петтата рунда од Лигата на шампионите го обележаа двајца извонредни стрелци.

Един Џеко набрзина постигна два гола за Интер во краток рок од 62-рата до 67-мата минута и го одведе италијанскиот шампион блиску до нокаут-фазата во ЛШ.

За тоа е потребно вечерва од 21 часот Шериф да не го победи Реал Мадрид или Интер во последното коло да не загуби од Кралевите во Мадрид.

Вториот гол му беше јубилеен 50-ти во европските купови, а Интер сега е лидер во Д групата со 10 бода, пред Реал со 9, но Кралевите треба да играат од 21 часот против третопласираниот Шериф во Тираспол. Молдавците имаат шест бода.

Себастијан Халер му фрли ракавица на Роберт Левандовски во трката за најдобар стрелец во фазата по групи.

Вечерва напаѓачот на Ајакс влезе во игра на почетокот на второто полувреме против Бешикташ и со два гола во 54-тата и во 69-тата минута стигна до бројката од 9 гола, колку што има и Левандовски на првата позиција на листата со најдобри стрелци по пет кола во ЛШ.

https://twitter.com/goal/status/1463587538568978436?s=20

Халер испиша и историја во првата сезона што ја игра во Лигата на шампионите и е првиот играч во таква позиција што успеал да постигне 9 гола во првите пет кола.

https://twitter.com/ronard_addo/status/1463586334539460609?s=20

Ајакс со максимален учинок од 15 бода е недостижен на врвот на табелата во Ц групата, а Бешикташ испадна и нема ниту еден бод.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести