Интер растури со голови, постигна четири, се важат само двата на Џеко (Видео)

Интер води со 2:0 против Шахтар во интересен меч, на кој Нераѕурите постигнаа четири гола, но се важат само двата на Един Џеко во 62-рата и во 67-мата минута, што го води италијанскиот шампион во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

На Интер му беа поништени два гола, што ги постигнаа Перишиќ и Мартинес, но Џеко е тука кога е најпотребно и одлично погоди двапати за пет минути за предност на фаворитот во меч од петтото коло во Д групата.

Вториот гол на босанскиот репрезентативец беше јубилеен 50-ти за него во европските купови.

Со победа, Интер сигурно ќе биде осминафиналист.

 

- Оглас -

Најнови вести