Вечерва продолжуваат натпреварите од плејофот во НБА со две полуфинални пресметки, по една во Западната и во Источната конференција, за кои Sport Life подготви богат избор на игри.
Првиот натпревар ќе се игра во Филаделфија, каде што Сиксерси го пречекуваат Бостон селтикс. Резултатот е 1-1 во победи, а навивачите во Филаделфија за првпат ќе го поздрават добитникот на МВП-наградата, Џоел Ембид. Неговиот настап е неизвесен поради повредата на коленото, но навивачите се надеваат дека Ембид ќе може да одигра неколку минути.
Поради неизвесноста околу настапот на Ембид, Бостон е фаворит и квотата за двојка изнесува 1.85.
Во вториот натпревар вечерва ќе играат Феникс санс и Денвер нагетс. Денвер води со 2-0 во победи и Сонцата мора да слават доколку сакаат да останат во игра за пласман во конференциското финале.
Колективната игра на Денвер се покажа како непремостлива препрека за Сонцата, кај кои во првите два меча само Девин Букер и Кевин Дурант одиграа на нивото кое се очекува од нив. Доколку Феникс сака да слави, тогаш ќе мора освен Букер и Дурант, уште некој друг играч да преземе дел од одговорноста.
На овие два меча во Sport Life има одлична понуда за обложување на бројот на поени, скокови, асистенции, но и за вкупниот збир на поени+скока+асистенции.