Вечерва ќе се одиграат последните четири натпревари од регуларниот дел од сезоната во Евролигата, по што ќе бидат познати сите четвртфинални двојки.
Веќе седум екипи си обезбедија пласман во четвртфиналето, тоа се Олимпијакос, Реал Мадрид, Барселона, Монако, Макаби Тел Авив, Партизан и Фенерахче, а последниот патник ќе биде одлучен вечерва.
Во пол-позиција е екипата на Жалгирис која му гостува на отпишаниот Баерн Минхен и со победа ќе го завери учеството во плејофот. Жалгирис има скор 18-15, додека Басконија настапот го заврши со 18 победи и 16 порази.
Во случај Жалгирис да загуби, осмото место ќе и припадне на Басконија која има подобар меѓусебен скор со литванскиот тим.
Партизан пред своите гледачи игра против Панатинаикос и доколку слави ќе заврши на шестото место на табелата и во четвртфиналето ќе игра со еден од шпанските гиганти, Барселона или Реал Мадрид.
Реал вчера загуби од Макаби Тел Авив и Барселона вечерва сама ќе си го избере противникот. Ако пред своите гледачи слави против Валенсија, тогаш Барселона ќе биде втора и под услов Партизан да го победи отпишаниот Панатинаикос, за што постојат големи шанси, тогаш ќе игра против Фенербахче.
Ако Барселона загуби, ќе биде трета и во четвртфиналето ќе игра против Партизан.
Sport Life подготви голем избор на игри за вечерашните натпревари, сите имаат по 161 комбинација, а исто така може да се одигра и на тоа колку играчите ќе постигнати поени, колку асистенции ќе имаат и колку скокови ќе остварат.