Вечерва ќе се игра најскапиот меч во историјата на фудбалот! Неверојатната статистика е во корист на домаќините

Реал Мадрид против Манчестер сити во дуел на два тима кои претендираат за освојување на Лигата на шампионите. Кралскиот клуб како 13-кратен освојувач на европскиот трон секогаш е меѓу фаворитите, додека Сити уште мечтае да игра во првото финале и да го крене големиот сребрен трофеј.

Според податоците за вредноста на клубовите, Манчестер сити е највредниот клуб во светот со сума од 1,29 милијарди евра. Зад Сити следува Ливерпул, кој вреди 1,19 милијарди евра, а потоа се шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона со вредност од по 1,08 и 1,07 милијарди евра. Над милијарда евра вреди само уште и ПСЖ (1,02 милијарди евра).

Кога на овие податоци ќе се додаде дека вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ќе играат Реал и Сити, тоа значи дека тоа ќе биде меч на екипи кои вредат 2,37 милијарди евра! Никогаш претходно во историјата на фудбалот немало олку скап меч.

Според коефициентите во Sport Life, Манчестер сити иако е гостин, е во улога на благ фаворит, но сепак традицијата и статистиката е на страна на Кралскиот клуб.

Реал Мадрид игра многу сигурно во ЛШ кога на клупата го има Зинедин Зидан. Со францускиот стратег на чело, Реал никогаш не загубил меч во нокаут-фаза од елитното натпреварување. Во претходните три сезони што Зидан го водел Реал во ЛШ, Кралевите освоија исто толку титули.

Кога игра пред своите навивачи, речиси загарантирано е мадридскиот гигант да даде гол. Во последните девет години само еднаш се случило Реал да заврши меч без да погоди на „Сантијаго Бернабеу“ во нокаут-фаза од ЛШ и тоа беше на меч на кој веќе имаше обезбедено поминување во следната фаза.

Статистиката вели дека на последните 11 меча одиграни на стадионот во Мадрид, просекот на погодоци е над 2,5 по меч. Ако се знае дека Сити само двапати во последните девет меча успеал да ја сочува мрежата незатресена, тогаш како зицер на денот може да се каже дека е овој меч да се одигра 3+ на голови.

 

- Оглас -

Најнови вести