Со дуелот во Бремен помеѓу Вердер и Баерн Минхен, вечерва почнува 60-тата сезона во историјата на германската Бундеслига.
Баерн подновен со Хари Кејн и Ким Мин-јае, оди по својата 12-та титула едноподруго, и повторно е топ фаворит за трофејот, според квотите во Sport Life и според пресметките на супер компјутер кој проценува дека шансите за титула на Баварците се 52,4 отсто, процент кој осетно се намали по поразот во Суперкупот од Лајпциг.
Лајпциг, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен се клубовите кои треба да бидат предизвикувачи на Баерн и да се борат за првите четири места, а квоти помали од 100 за титула има и за Ајнтрахт и Унион Берлин.
Лајпциг остана без ѕвездите Нкунку, Гвардиол и Собослаи, но суперкомпјутерот му даба 33,3 отсто шанси дека ќе биде првак.
Главни кандидати за испаѓање се Дармштад и Аугсбург, а тука некаде се и Вердер и Хајденхајм.