Вечерва пред да се обложите на Германија, една статистика нека ви биде во предвид

Селекцијата на Германија вечерва во Лајпциг ја пречекува Украина во рамки од петтото коло во Лигата на нациите, меч во којшто избраниците на Јоаким Лев мора да издвојат победа со цел да останат во игра за пласман на завршниот турнир.

Иако Панцерите се фаворити, треба да се биде претпазлив со обложување во нивна полза, само поради една статистика.

Во вкупно 8 одиграни натпревари во ЛН досега, вклучувајќи ја и минатата премиерна сезона, Германија има остварено само една победа, и тоа во октомври токму против Украина среде Киев. Само Исланд има полош учинок (0/8) од Германија, односно од вкупно 12 селекции кои во двете сезони се натпреваруваат во сегментот А од Лигата на нациите.

Затоа нема да биде изненадување ако еден од противниците на Македонија од групната фаза на следното ЕП, успее да издови добар резултат на гостувањето кај Германците.

- Оглас -

Најнови вести