Полските судии, Братош Франковски и Томаш Мусиал, доцна синоќа се уапсени од страна на полицијата во Лубин, откако биле пријавени дека уништуваат и крадат сообраќајни знаци. Полицијата во 1:40 часот после полноќ излегла на терен и уапсила тројца мажи, а меѓу нив биле и двајцата споменати судии. Кај сите тројца е утврдено високо ниво на алкохол, кај Мусиал 1.8, додека кај Франковски 1.7 промили.
Двајцата судии требаше вечерва да бидат во ВАР собата на мечот од квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу Динамо Киев и Глазгов ренџерс, натпревар кој се игра токму во Лубин.
Веднаш следуваше реакција и од УЕФА, па и двајцата се отстранети, а нивните места ќе ги заземат други двајца полски судии, Томаш Квиатовски и Павел Малец.