3130 Црвена Ѕвезда – Партизан (Србија, Финале на куп, 18 часот)
Црвена Ѕвезда ќе игра за двојна круна против Партизан во големото вечно дерби на српскиот фудбал.
Ова е едно од најголемите градски дербија на светот, а се очекува одлична атмосфера на „Рајко Митиќ“ стадинот, кој е дом на Црвена Ѕвезда.
Ланското финале се играше на истиот стадион и заврши без победник и без голови по 120 минути игра и две продолженија, а на пенали Црвена Ѕвезда победи со 4:3.
Натпреварите на двата градски ривали и српски гиганти честопати се многу тврди со малку шанси за гол, бидејќи ривалитетот е огромен, а сега и влогот е ист, многу голем, бидејќи се игра за пехар.
Ќе типуваме дека ќе има реприза од лани и дека нема да има победник по регуларниот дел.
Предлог тип: Х (3.10)
1604 Риека – Хајдук (Хрватска, Финале на куп, 19 часот)
Хајдук ќе има предност во финалето во битката за пехар во хрватскиот куп, бидејќи игра на „Пољуд’, односно на свој терен.
Сепак и Риека не е беза шанси и ќе се обиде да приреди подвиг и да прокнижи хет-трик на сплитската убавица.
На последните две гостувања на „Пољуд“ Дарко Велковски и соиграчите се радуваа на победа, а хајдук има две победи по ред на „Руевица“ во Риека што покажува дека се е можно на дуелите на овие две екипи.
Дарко Велковски ви требало да биде стартер за Риека, а Јани Атанасов се почесто за жал не се наоѓа ниту на поширокиот список на тренерот Дамбраускас кај Хајдук.
Се очекува неизвесно финале, а ќе типуваме дека традицијата на натпреварите меѓу Риека и Хајдук ќе продолжи и дека ќе има најмалку 3 гола.
Предлог тип: 3+ (1.69) Супер тип на Sport Life
1968 Кајзериспор – Сиваспор (Турција, Финале на куп, 19.45 часот)
Туското финале на купот ќе биде мошне интересно со две израмнети екипи, кои си имаат свпи сметки.
Сиваспор според коефициентите е фаворит за нијанса и очекува историски прв трофеј во националниот куп.
Кајзериспор веќе има еден пехар и го освои во 2008 година во едно од најдраматичните финалиња на турскиот куп.
Тогаш го победија Генчлербирлиги на пенали со 11:10, а сега ќе се обидат да ги разрешат сите дилеми во регурларнито дел и да го сместат вториот пехар од купот во своите витрини.
Интересно е што двете екипи играа меѓусебе пред пет дена и Сиваспор победи со 2:1 на свој терен во последното коло од турското првенство.
Сега ќе се игра на „Ататурк“ во Истанбул, а ќе одиграме дека ќе има 2-3 гола, како што беше на последните четири меѓусебни дуели на Кајзери и Сива.
Предлог тип: 2-3 гола (1.96)
1630 Витезе – АЗ Алкмар (Холандија, бараж за Конференциска лига, 20 часот)
Витезе и АЗ Алкмар вечерва во Арнхем го почнуваат финалниот двомеч за настап во Конференциската лига на УЕФА.
Што е најинтересно и двете екипи учествуваа во премиерната сезона во новото натпреварување на УЕФА, а и Витезе и АЗ Алкмар испаднаа во осминафиналето.
Витезе беше послаб за еден гол од Рома, а АЗ Алкмар испадна во двомечот со Бодо Глимт по продолженија во реваншот.
Сега целта е пак да се биде дел од европското друштво во Конференциската лига, а ќе се игра двомеч за пласман во ова натпреварување.
Двете екипи играат офанзивен фудбал,имаат добри напаѓачи и традиција која вели дека на пет од последните шест меѓусебни дуели имало најмалку 3 гола и тоа на сите и двете екипи ги треселе мрежите.
Предлог: ГГ&3+ (2.09)
3011 Монца – Пиза (Италија, Бараж за Серија А, 20.30 часот)
Монца нема победа против Пиза од 2007 година, или девет натпревари по ред што е катастрофален биланс.
Екипата на Пиза двапати славеше против Монца со по 2:1, дома и на гости и во сезоната што е продолжена за нив, што само потврдува дека не му лежат на ривалот што им е последна пречка за настап во Серија А.
Се игра двомеч, се очекува голема битка, бидејќи вкупната победа по два меча носи билет за настап во најсилната италијанска лига, многу повеќе пари и дуели со гигантите Јувентус, Милан, Интер, Рома, Лацио…
Ваквите дуели се тешки за типување на конечен исход, па ќе одиграме 2-3 гола како што беше на последните четири меча меѓу Монца и Пиза.
Предлог тип: 2-3 гола (1.95)