-1.2 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Вечното кошаркарско дерби ќе се игра во четвртфиналето од Купот на Македонија

Вечното кошаркарско дерби помеѓу МЗТ Скопје и Работнички ќе се игра во четвртфиналето од Купот на Македонија. Ова стана јасно откако се комплетираа натпреварите од првото коло, после кое се познати осумте екипи кои ќе завршуваат на завршниот турнир во февруари.

МЗТ Скопје, ТФТ, Пелистер и Кожув обезбедија директен пласман во четвртфиналната фаза според пласманот на табелата во Супер лигата по првиот круг, додека своето место на завршниот турнир го „визираа“ и Куманово, Работнички, Маџари и Феникс, преку разигрувањето.

Резултати – 1. коло

Куманово – Ангели 95-65
Работнички – Тиквеш 92-73
Маџари – Гостивар 82-59
Чаир – Феникс 79-83

Единствен дебитант на завршниот турнир ќе биде екипата на Маџари, а секако дека најинтересно ќе биде на вечното дерби помеѓу МЗТ Скопје и Работнички. Кошаркарската федерација на Македонија дополнително ќе одлучи каде ќе се игра завршницата.

Двојки – 1/4-финале

Пелистер – Куманово
МЗТ Скопје – Работнички
Кожув – Маџари
ТФТ – Феникс

- Оглас -

Најнови вести