Вечното кошаркарско дерби во прекин, навивачите повторно се „главни“

Вечното кошаркарско дерби помеѓу МЗТ Скопје и Работнички е прекинато во седмата минута од втората четвртина при водство на гостите со 33-37 поради инцидентите кои ги предизвикаа навивачите. Со доаѓањето во салата на навивачите на Работнички, популарно наречени „Сити парк бојс“ започнаа и прекините, кои ги имаше неколку, за на крајот судиите да одлучат дека мечот ќе продолжи дури откако гостинските навивачи ќе си заминат од салата.

Кошаркарите на двете екипи, како и службените лица се повлекоа во потрибинскиот простор. За потсетување, и првиот меч оваа сезона помеѓу Работнички и МЗТ Скопје, кој се играше во СРЦ „Кале“ беше прекинуван неколку пати за да се испразнат трибините, а мечот заврши после три часа од неговиот почеток.

- Оглас -

Најнови вести