Вегхорст откри што направил за Меси толку да му се налути нему и да го навредува

Холандскиот напаѓач Вут Вегхорст можеше да биде кошмарот на Аргентина откако во четвртфиналето постигна два гола, но, за среќа на Гаучосите, селекцијата од Јужна Америка победи на пенали. По мечот, на патот кон соблекувалната Вегхорст се соочи со навреди упатени од капитенот на Аргентина, Лионел Меси.

„Што гледаш, глупаку еден“, викаше Меси, додека Вегхорст стоеше на неколку метри од него. Сега Вегхорст, кој игра во турскиот Бешикташ, реши да даде свое објаснување на целата ситуација.

„Кога ќе излезам на терен, за мене сите противници се исти. Немам премногу почитување кон нив затоа што сакам да ги победам. Секогаш максимално се борам на теренот, па така беше и на дуелот против Аргентина. Имав неколку дуели со Меси и мислам дека беше изненаден од мојата борбеност и трудот што го покажав на теренот. Неколку пати му префрлив нешто, па очигледно е дека тој тоа добро го запамтил. Многу го почитувам затоа што е еден од најдобрите на сите времиња, но почитувањето нема врска кога сте на теренот и кога играте меч. По средбата сакав да му покажам почитување и да му подадам рака, но тој тоа го одби. Барем сега знам дека го запамти моето име, што позитивно ме изненади“, рече Вегхорст.

https://twitter.com/i/status/1605659994380152832

- Оглас -

Најнови вести