Вејд даде „луда“ тројка со звукот на сирената и ја здиве публиката (Видео)

Мајами грчевито се бори за осмото место на Источната конференција, кое е последно што води во плејофот. Само една победа е разликата меѓу „жешките“ и осмопласираниот Шарлот. Дека може да стигне до разигрувањето за титулата, Мајами покажа ноќеска, кога во драматична завршница успеа да го победи шампионот Голден Стејт.

Мајами славеше со 126:125, и тоа благодарение на тројката на Двејн Вејд постигната со звукот на сирената. Домаќините беа речиси постојано во водство, а на полувремето имаа 15 поени предност. Сепак, Голден стејт не се предаде и во финишот поведе с 125:123, а Мајами го имаше последниот напад.

Вејд ја зеде топката, но не направи напад кој треба да обезбеди чиста позиција. Сепак, кога едноставно топката сака да влезе во обрачот, шутот на Вејд, буквално со звукот на сирената, заврши од таблата во кошот за голема радост на домашните играчи, но и за навивачите во салата.

Резултати: Шарлот – Хјустон 113:118, Атланта – Минесота 131:123 по продолжение, Бруклин – Вашингтон 116:125, Мајами – Голден стејт 126:125, Бостон – Портланд 92:97, Мемфис – Чикаго 107:109, Далас – Индијана 110:101, Сан Антонио – Детроит 105:93, Јута – ЛА клиперс 111:105, Сакраменто – Милвоки 140:141 по продолжение, ЛА лејкерс – Њу Орлеанс 125:119.

- Оглас -

Најнови вести