Веќе е јасно дека си оди од Лајпциг, Елмас го нема во составот ни на пријателски меч

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, закрепна од повредата, почна да тренира после нова година, но денеска не беше во составот на Лајпциг ни меѓу резервите на пријателскиот меч со чешкиот тим Баник Мост-Соуш (Лајпциг победи со 10-0), и тоа најверојатно значи дека за Дијамантот нема иднина во германскиот тим.

Сите сигнали покажуваат дека Елмас уште во овој јануарски преоден рок ќе ја смени клупската средина. Останува само дилемата во кој клуб ќе игра и дали тоа ќе биде позајмица на шест месеци или целосен трансфер и дефинитивно збогување со Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести