Веќе не им е смешно, Гвардиола првпат во кариерата има четири порази по ред

Пеп Гвардиола за првпат во својата тренерска кариера има серија од четири порази по ред, а на Манчестер сити 18 години не му се имаше случено ваква црна серија.

Сè почна на 30-ти октомври во Лондон кога во Лига купот беа елиминирани откако загубија од Тотенхем со 1-2. Граѓаните тогаш не беа многу потресени, има снимки на кои се гледа како Гвардиола и неговите играчи се опуштени и се смеат и покрај поразот.

Потоа следуваше премиерлигашки пораз на гости кај Борнмут кој ги симна од првото место. Па, дебакл во Лисабон против Спортинг од 1-4 во Лигата на шампионите, а вечерва против Брајтон во Премиер лигата, Сити водеше 1-0 до 78-ма минута, а на крај загуби 1-2.

Расположението на Гвардиола вечерва не е исто како пред десет дена кога загубија од Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести