Веќе нема дилеми – Ѓоковиќ доби „зелено светло“ да игра на ОП на Австралија

Новак Ѓоковиќ и дефинитивно ќе може да игра на ОП на Австралија, иако ја нема примено вакцината против Ковид 19.

Тамошните медиуми излегоа со ексклузивна информација во која што велат дека австралиските власти нема да прават проблеми на српскиот рекет во нападот на нова гренд-слем титула и евентуално израмнување со Рафаел Надал.

Иако сè уште нема официјална потврда, а за такво нешто ќе почекаме до декември, речиси сигурно е дека сите препреки се надминати. За потсетување, Новак во јануари доживеа вистинска драма во Австралија, по што мораше да биде депортиран.

Во моментов Ноле има 21 гренд слем титула, додека Рафа Надал е на „плус“ еден.

- Оглас -

Најнови вести