Според последните информации на повеќе италијански, но и англиски медиуми, Интер ја прифати понудата од 115 милиони евра за Ромелу Лукаку да се врати во Челзи.
Белгискиот голгетер по осум години пауза повторно ќе го облече дресот на актуелниот европски првак, а ќе биде рекорден трансфер на клубот од Лондон, односно втор најскап во историјата на англискиот фудбал, зад преселбата на Џек Грилиш во Манчестер сити од пред неколку дена.
Лукаку треба да потпише петгодишен договор со заработка од 13 милиони евра по сезона.
https://twitter.com/David_Ornstein/status/1424021182022623236