31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Веќе се знаат 25 клубови кои ќе играат во Лигата на шампиони следната сезона

Иако уште не се знае новиот европски фудбалски првак, веќе се познати дури 25 клубови кои следната сезона ќе играат во групната фаза од Лигата на шампиони. По новиот формат на УЕФА, се знае дека освојувачот на ЛШ, како и победникот од ЛЕ, заедно со четирите најдобропласирани екипи во првенствата на Шпанија, Англија, Италија и Германија ќе бидат сигурни. Во групната фаза сигурни се и двата најдобри тима од Франција, како и шампионите на Португалија, Украина, Белгија и Турција.

Бидејќи сезонава во финалето на ЛШ ќе играат Ливерпул и Тотенхем, два клуба кои веќе имаат обезбедено место за следната сезона, директно пласман во групната фаза доби и шампионот на Австрија, кој е на 11 место на рангирањето на УЕФА.

Следната сезона во ЛШ ќе ги гледаме: Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Валенсија, Манчестер сити, Ливерпул, Тотенхем, Челси, Јувентус, Наполи, Интер, Аталанта, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Баер Леверкузен, ПСЖ, Лил, Бенфика, Шахтер Донецк, Генк, Галатасарај и Салцбург.

Директно место во ЛШ може да обезбеди и Арсенал, доколку „топчиите“ в среда триумфираат во Лигата на Европа против Челси.

 

- Оглас -

Најнови вести