Барселона на 24-ти јануари ќе го добие својот нов претседател, а на 14-ти јануари ќе се знаат сите кандидати, кои ќе имаат два дена да достават потписи доволни за кандидатура. Се очекува во трката да учествуваат барем пет потенцијални претседатели, но според една анкета, се надзира победникот.
Според таа анкета, за Жоан Лапорта кој беше предводник на каталонскиот клуб од 2003 до 2010 година, би требало да се врати на кормилото. Лапорта добил дури 78,1 проценти од гласовите, а второпласиран е Виктор Фонт со само 9,7 отсто гласови.
После ова, јасно е дека или Лапорта се враќа на функцијата која додека ја вршеше Барселона освои доста трофеи, или анкетата е лажна и резултатите се нереални.
До минатата недела Фонт се сметаше за фаворит поради блискоста со Чави, но маркетингот на Лапорта направи пресврт. Тој со огромен билборд се рекламира во близина на стадионот на Реал Мадрид, и со таа провокација до ривалите ги освои срцата на навивачите на Барселона. Лапорта има уште адут, во негово време, Реал ниту еднаш не беше европски првак.
Лапорта најави дека ако стане претседател, ќе го убеди Меси да потпише нов договор, ќе го купи бекот Белјерин, а има и добри односи со агентот Рајола, па можеби ќе донесе ѕвезда како Погба или Халанд.