Велбек со два гола ја продолжи премиерлигашката криза на Ливерпул (Видео)

Негативната серија на актуелниот шампион на Англија, Ливерпул, се искачи на три натпревари без победа, откако „црвените“ со 2-1 загубија на гостувањето кај Брајтон.

Дени Велбек е херојот на домашните, кој со два гола, во 14-тата и во 56-тата минута го сруши актуелниот шампион. Единствениот гол за „црвените“ беше дело на Милош Керкес во 30-тата минута.

Ливерпул останува на петтата позиција со 49 бода, но може да биде минат од Челзи, бидејќи „сините“ имаат бод помалку, но и меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести