Велешанка ќе ги колне Чилеанците: за еден гол не доби над 400.000 со уплата од 50 денари! (Фото)

Нашата читателка Марија од Велес, ни испрати фотографија од недобитен тикет уплатен вчера рано попладне во објект на Sport Life во градот на гемиџиите. Вистинска штета е што овој тикет е недобитен, затоа што фалел само еден гол за добивка од над 400.000 денари, а со скромна уплата од само 50 денари.

Како што може да се види, на тикетот има 16 парови, на сите е типувано оти ќе има барем три гола, а квотте се од 1.50 до 2.25. Ефикасно со три или повеќе голови беше на 15 од 16-те средби, на мечот Раднички – Црвена ѕвезда третиот гол падна во 97-ма минута, само на дуелот Кокимбо – Коло Коло од чилеанската лига, немаше барем три погодоци.

Овој меч заврши 0-2, вториот гол падна во 64-та минута, екипите имаа доволно време да постигнат и трети гол и да донесат голема радост и богата добивка во Велес, но тоа не се случи.

- Оглас -

Најнови вести