19.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Велигденските мечеви како измислени за „омрсување“ на играчите на Спортска прогноза

Кај повеќе од половината парови од основната понуда на 26-тото коло на Спортската прогноза, голем процент од прогнозерите кои досега типувале имаат свои фаворити за кои сметаат дека ќе победат.

Над 60 проценти од играчите очекуваат победи на Милан, Келн, Челзи, Евертон, Вулверхемптон, Рен, Ница и Баер Леверкузен.

Кај останатите мечеви, прогнозерите се поподелени и нема јасни фаворити. Типувањето трае до сабота во 15 часот.

Под услов да погодите Тринаесетка, премијата си ја бирате сами меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

X Box Series X.

Подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар (им следува ваучер од Sport Life од 1.000 денари) и за тие со две утки (ваучер од 500 денари).

 

- Оглас -

Најнови вести