Велкоски ќе му ја лапне куп-титулата на Седлоски

Сараево е на прагот на двојната круна во БиХ, а денеска во меч што беше интересен за нас, Крсте Велкоски има причини за радост, додека Гоце Седлоски тагува по поразот на неговиот тим Широки Бријег со разлика од три гола.

Сараево на домашен терен славеше со 3-0 и ќе има голема предност за реваншот на 15 мај во двомеч-финалето во Купот на БиХ.

Велкоски учествуваше во акцијата за последниот гол, а Сараево со огромна предност ќе патува за Мостар на реваншот против тимот што го предводи Гоце Седлоски.

Или со фудбалски речник, првото полувреме му припадна на актуелниот репрезентативец Велкоски против нашиот поранешен ас со 100 настапи за националниот тим, Седлоски.

 

- Оглас -

Најнови вести