Велковски: Не можам да опишам како ми олесна кога го дадов голот

Дарко Велковски го постигна првиот гол во репрезентативниот дрес, и тоа во најважен момент. Стоперот најпрво имаше едно недоразбирање со голманот Столе Димитриевски, грешка по која Косово израмни.

Сепак, само четири минути подоцна, токму Велковски со глава погоди за 2:1, погодок кој се покажа како клучен за победа.

„Доста тежок меч. Косово излезе доста офанзивно. Дадовме прв гол, а потоа се случи таа грешка меѓу мене и Столе. Во тој момент 200 работи во глава ми се вртеа. Што ако јас ја зезнав работата? Потоа кога дадов гол, не можев да опишам какво беше чувството. Камен од срце ми падна, ми олесна многу. До крајот издржавме машки, имавме шанси да дадеме и трет гол, но не погодивме. Најважно е што останавме смирени, бевме на висината на задачата. Супер го одигравме овој натпревар. Работата не е завршена. Останува Грузија. Меч за кој сите живееме. Мора да дадеме сè од себе за да го добиеме тој дуел“, вели херојот Велковски.

- Оглас -

Најнови вести