Сараево на Крсте Велковски ремизира без голови во првиот меч против Милсами на гостувањето во Молдавија, во рамките од првото квалификациско коло во Лигата на конференции.
Капитенот на екипата и од неодамна ексрепрезентативец на Македонија промаши пенал за победа на гостите во 29-тата минута, но босанскиот клуб имаше и друг проблем.
https://streamable.com/vnvkz4
Непосредно пред почетокот на мечот, Сараево објави дека ќе настапи со униформите кои се користат за тренинг бидејќи порачката со новите дресови на фирмата „Ереа“ не пристигнаа навреме. Инаку, италијанската компанија со седиште во Парма ги произведува дресовите и на македонската одбојкарска селекција.