2.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Велс без двајцата суспендирани фудбалери против Македонија во вторник

Велс со минимални 0-1 славеше над Лихтенштајн во пресрет на последното коло од европските квалификации за пласман на Светското првенство, па во последното коло против Македонија ќе решава за втората позиција на табелата.

Сепак, Крег Белами, се соочува со проблеми околу составот, бидејќи двајца фудбалери кои играа против Лихтенштајн се суспендирани поради жолти картони.

Се работи за стрелецот на победничкиот гол против Лихтенштајн, Џордан Џејмс, кој доби жолт картон во 63-тата минута, како и Итан Ампаду, кој „пожолте“ во 86-тата минута. И двајцата беа стартери на вчерашниот меч.

„Разочаран сум. Се нервирам затоа што не го допрев противничкиот фудбалер и ја освоив топката. Ни требаше победа и успеавме да ја добиеме. Моравме да бидеме трпеливи, имавме многу шанси.“ – рече Ампаду по мечот против Лихтенштајн.

Мечот во Кардиф се игра во вторник со почеток во 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести