Велс триумфираше со 2-0 против Турција за освојување на први три бода на ова ЕП, односно вкупно четири бода заедно со ремито против Швајцарија. Велшаните со овој учинок може да гледаат кон нокаут-фазата, додека вториот пораз за Турците значи и крај на ова првенство, па им останува само дуелот со Швајцарија во третото коло.
Ремзи во 42-рата минута го постигна единствениот гол на средбата која се одигра во Баку, по фантастичната асистенција на Бејл.
Во вториот дел, првата ѕвезда на Велс се посрамоти со неверојатно лошо изведен пенал, Бејл пропушти голема прилика да ги реши дилемите на половина час до крајот од мечот, но тоа го стори Робертс длабоко во судиското надополнување.