Неверојатно лошо изведен пенал на Бејл (видео)

На Герет Бејл засега му се препишува најлошо изведениот пенал на ова ЕП, со кој можеше да ја запечати победата на Велс против Турција доколку ја затресеше мрежата на Чакир.

Капитенот на Велс изнуди најстрога казна во своја корист во 60-тата минута и, нормално, ја презеде одговорноста да го изведе пеналот, меѓутоа наместо сигурен гол, Бејл ја рогна топката високо над голот.

Инаку, Бејл е првиот играч по Раул Гонзалес кој промаши цел гол при изведување пенал, а некогашниот шпански голгетер тоа го стори на ЕП во 2000 година против Франција.

- Оглас -

Најнови вести