Фудбалската репрезентација на Венецуела ја победи Боливија со 2:0 во меч од 15 коло во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство 2026 година. Со овој триумф, Венцуела направи голем чекор напред кон завршницата на планетарниот собир, затоа што ова беше дуел на двете селекции кои се борат за седмото место на табелата, кое води во баражот за пласман на Мундијалот.
Венецуела поведе по само пет минути игра и тоа благодарение на комичниот автогол на стоперот на Боливија Хектор Куљер, кој ја врати топката кон својот голман, но тој несмасно реагираше и топката заврши во мрежата. Овој автогол може да го погледнете ТУКА.
Веќе во 30-тата минута Венецуела имаше водство од 2:0 кога Рондон погоди за 2:0. До крајот на мечот, домашните фудбалери ја сочуваа предноста и ги освоија посакуваните три бода.
Голем кикс на патот кон Мундијалот направи Колумбија која на свој терен одигра без голови против „отпишаниот“ Перу. Колумбија падна на шестото место со 21 бодови, но тоа што загрижува е лошата форма на репрезентацијата која во последните пет меча нема ниту една победа и освои само два бода.