Венецуела со несовладливиот голман, ги разоружа Инките (Видео)

Селекциите на Перу и Венецуела не успеаја за 90 минути игра да постигнат регуларен гол (еден им беше поништен), па на Копа Америка се одигра и првиот меч со најнепопуларниот резултат 0-0. Најголема заслуга за ова има голманот на Венецуела, Фарињес, кој правеше чуда на голот и имаше неколку неверојатни одбрани.

Перу кој лани играше на Светско првенство, а има и две титули на Копа, од 1939 и 1975 година, важеше за голем фаворит, но Фарфан, Гереро и другарите не успеаја да го совладаат противничкиот голман. Од 75 минута, Венецуела беше и со играч помалку по исклучувањето на Маго, но на напаѓачите на Перу не им беше денот.

Во 76 минута, погледнете какви убави шанси имаше Перу:

https://www.youtube.com/watch?v=X65nwDnm9YU

 

- Оглас -

Најнови вести