Некогашниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, даде интересна изјава дека знае во кој клуб Месут Озил ќе ја продолжи кариерата. За Озил нема иднина во Арсенал.
„Знам каде ќе замине тој, но нема да ви кажам. Многу работи зависат од тоа дали тренерот сака да работи на дефанзивниот баланс на тимот. Денеска сите играат цврсто, брзо и агресивно, но сепак на секој тим му требаат и играчи како Месут, кои знаат да асистираат со одличен последен пас“, изјави Венгер.
Се шпекулира дека Озил имал тајни состаноци со шефовите на истанбулскиот Фенербахче, но останува да се види дали турскиот Германец ќе потпише за Фенер или сепак ќе продолжи во некоја од Топ 5 лигите.