Американската тенисерка Венус Вилијамс го одигра само четвртиот натпревар по повредата, но го забележа третиот пораз. Подобра денеска беше украинката Елина Свотолина, која само за 89 минути игра забележа убедлива победа од 2-0 во сетови во првото коло од најпрестижниот турнир во светот, Вимблдон.
Венус Вилијамс поголем отпор пружи во првиот сет, кој го загуби со 6-4, додека во вториот Украинката беше поубедлива и славеше со 6-3. Американката во моментов е 558-ма на ВТА ранг-листата, додека Свитолина е на 76-тата позиција.