Славната американска тенисерка, 45-годишната Венус Вилијамс утре ќе го има својот прв официјален натпревар по пауза од 16 месеци.
Венус првпат по 2022 ќе настапи на турнирот во Вашингтон, а противничка ќе ѝ биде 23-годишната Пејтон Стернс. Во обложувалницата Sport Life, квотата за триумф на Вилијамс е дури 11,5.
Седумкратната освојувачка на гранслем-турнири и олимписка шампионка на турнирот ќе игра со вајлд-карта. Поради паузата подолга од една година, Венус се смета за неактивна тенисерка и ја нема на ВТА-листата, затоа и мораше за учество да добие специјална покана.