Легендарната американска тенисерка, Венус Вилијамс, не успеа да се пласира во четвртфиналето на ВТА 500 турнирот во Вашингтон. Во второто коло таа беше поразена од 24-тата тенисерка на ВТА-листата, Магдалена Фреч од Полска со 2-6, 2-6.
За Вилијамс, ова беше прв турнир од март 2024 година наваму. Седумкратната освојувачка на гранслеми и ексолимписка шампионка, за првпат по 2019 година не успеа да врзе две победи по ред, а изненадување беше и нејзиниот триумф во првото коло.
Венус доби вајлд-карта за Мастерсот 1000 во Синсинати, па тоа ќе биде нејзиниот следен предизвик.