Италијанскиот репрезентативец Марко Верати во летниот преоден рок иако имаше богата понуда од Саудиска Арабија, тој се одлучи да се пресели во Катар и потпиша за Ал-Араби, а сега е откриено зошто го сторил тоа.
Франциски „Лекип“ откри дека Верати ја прифатил понудата од Катар бидејќи се согласиле во договорот да вметнат клаузула каква што немаат ѕвезди како Кристијано Роналдо, Карим Бензема или Нејмар во Саудиска Арабија.
„Верати се договори да една една недела годишен одмор секој месец. Тој ги користи слободните денови да се „одмори“ од Доха и да се врати во Европа. Најголемиот дел од одморот го поминува во Париз со сопругата. Тоа значи дека му недостасува ПСЖ, но сигурно нема да мрда од Катар до 2025 година до која му теае договорот“, пишува „Лекип“.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1740343314845741393
Верати кој минатото лето во трансфер вреден 45 милиони евра, го напушти ПСЖ и се пресели во Ал-Араби каде добива плата од 15 милиони евра по сезона, што е многу помалку од Роналдо и Бензема кои во Саудиска Арабија заработуваат по 200 милиони годишно. Но, тие немаат „годишен одмор“ секој месец.