Вердер Бремен слави 120 години постоење, завчера му беше нов роденден, а вчера повторно го трасираше патот кон нова магија во Германскиот куп. Во драматично осминафинале, на пенали ја елиминираа Ботусија Дортмунд и најавија ново фудбалско чудо.
https://twitter.com/DFBPokal_EN/status/1092923130069307393
Вердер како да си поигрува со бројките, јубилеите и пехарите во Германскиот куп, а во Бремен се надеваат на интересен хет-трик.
Во 1999 година, кога славеа 100 години постоење, дотуркаа до финалето во Берлин и по драматичната серија, на пенали го победија Баерн Минхен за да го донесат четвртиот пехар на купот во своите витрини.
И за да има магија, тоа го сторија на прославата на 110-годишнината од формирањето на клубот во 2009 година, кога го победија Баер Леверкузен со 1-0.
Сега повторно се во завршницата, ќе играат во четврт-финалето во националниот куп, а повторно им се разбудија апетитите и спомените. Слават нов значаен јубилеј и 120-ти роденден, па во Бремен велат зошто да не биде закитен со нов, седми трофеј.
8,000 Werder Bremen fans travelled to Dortmund for the #DFBPokal game against #BVB.
This is what it looked like ahead of kickoff as they celebrated their club's 120th birthday.#BVBSVW (Via @bragi09)pic.twitter.com/RfDhTJlEAf
— Felix Tamsut (@ftamsut) February 5, 2019
Вердер е вториот најуспешен германски состав според титулите во Купот, ги има шест, а пред него е само Баерн Минхен со 18 титули.