Вердер не пропушта шанса со играч повеќе

Вердер не пропушта зицери за победа со играч повеќе и денеска триумфираше против Аугсбург со 3:2 во меч од третото коло во Бундеслигата.

Клубот од Бремен го забележа првиот успех во новата сезона, по двата почетни порази, а постојано водеше против Аугсбург и на крајот победи.

Осако со два гола беше најзабележителен на теренот, а Сарџент постигна еден гол за победничката екипа. Домаќините ја искористија предноста да играат ооколу еден час со фудбалер повеќе, по исклучувањето на Лихштајнер во 34. минута.

Аугсбург постојано бркаше негатива, израмнуваше на 1:1 и 2:2, но голот на Осако во 67. минута го одлучи победникот. Гостите имаат само едно реми и два порази и го делат претпоследното место со Херта, само пред фенерџијата Мајнц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести