Кристијано Роналдо и Георгина Родригес од денес и официјално ја крунисаа својата врска со веренички прстен, а има и потврда со објава на „Инстаграм“.
Португалската фудбалска ѕвезда и неговата избраничка се заедно од 2016 година и имаат две ќерки, Алана (8) и Бела (2). Тие, исто така, се родители на близнаците Матео и Ева (7), кои се родени со помош на сурогат мајка.

Иако повеќе од седум години живеат заедно и важат за еден од најхармоничните двојки во светот на спортот, досега никогаш не го официјализирале својот однос. Георгина многупати истакнувала дека без двоумење би прифатила предлог за брак од Роналдо, а сега тоа и ќе се реализира.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи таа сподели фотографија од впечатлив веренички прстен со голем дијамант, придружена со пораката:
„Да, прифаќам. Во овој и во сите мои животи.“
Покрај заедничките наследници со Георгина, Роналдо е татко и на 15-годишниот Кристијано јуниор, кој веќе сериозно чекори по татковите стапки во фудбалот.

