Португалската репрезентација беше елиминирана од Белгија во осминафиналето на ЕВРО 2020, а на тој меч голема поддршка од трибините имаше Кристијано Роналдо. Не можеше да не се забележи дека во првиот ред на трибините на „Ла Картуха“ во Севилја беа неговите деца и вереницата Георгина Родригес.
Георгина каде и да се појави, привлекува внимание, но овојпат многумина се загледуваа во неа не само поради деколтето и фигурата, туку поради еден детаљ на нејзиниот грб. Од задниот дел на маицата на Георгина се гледаше антена со микрофон и многумина се чудеа зошто вереницата на Роналдо носи такво нешто.
Причината за носењето безжичен микрофон е снимање на документарен филм за животот на гламурозниот пар. Кога ќе излезе филмот, ќе видиме и ќе слушнеме што зборувала атрактивната Аргентинка за настапот на Кристијано и неговите соиграчи. Во филмот веројатно ќе се најде и моментот кога Роналдо од лутина ја фрли капитенската лента.