Верету знае да погодува и со глава и со нога, Волчицатa го продолжи сонот за пехарот што го нема освоено две децении (Видео)

Џордан Верету знае да погодува и со глава и со нога, а францускиот интеренационалец беше расположен за голови и со два прецизни удари беше најзаслужен за победата на Рома од 3:0 против Удинезе.

Погодок за домаќините постигна и Педро во финишот на мечот, со што само ја потврди убедливата победа на Волчицата.

Гостите пристигнаа во Рим со многу оптимизам и без примен гол на последните три натпревари, но брзо им се растури планот за подвиг.

Верету погоди со глава во петтата минута и најави дека Рома ќе ја продолжи трката за Скудетото, што го нема освоено цели две децении, или од сезоната 2000/01.

Roma 1-0 Udinese – Jordan Veretout 5′ from soccer

Истиот играч беше прецизен од белата точка во 25. минута. Домаќините постигнаа уште еден во првото полувреме, но беше поништен поради офсајд.

Roma 2-0 Udinese – Jordan Veretout PK 25′ from soccer

И финишот на мечот мина во знакот на Рома, а Педро со гол во судиското продолжение стави печат на убедливиот триумф на домашниот тим.

Рома се проби на третото место со 43 бода, шест помалку од лидерот Милан и четири помалку од Интер.

- Оглас -

Најнови вести