Вернер си ја круниса најлошата сезона во кариерата со трагикомични ножички (Видео)

Тимо Вернер беше искрен и призна дека ја одиграл најлошата сезона во кариерата, тековната како играч на Челзи, а како потврда се големиот број неверојатни утки.

Една од нив, за наша среќа, беше во Дуисбург во дресот на германската репрезентација, кога Тимо утна чист зицер против Македонија при резултат 1:1.

Казната ја испорача Елиф Елмас со гол за победа од 2:1 на нашите фудбалски херои, што одекна како првокласна сензација во светот на фудбалот.

Дека е во лоша форма, Вернер потврди и вчера со трагикомичниот обид за ножички, а ударот заврши далеку од голот на Лисиците.

Timo’s brilliant attempt at bicycle kick from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести