Веројатно негативен светски рекорд, на три кола до крајот имаат -21 бод!

Турскиот второлигаш Јени Малатјаспор има сезона за историја, на три кола до крајот има -21 бод.

Овој ретко виден неуспех се должи на тоа што ФИФА им одзеде 18 поени поради неисполнување на финансиските обврски во три одделни случаи, а покрај тоа, Турската фудбалска федерација им одзеде уште 3 бода поради непојавувањето на нивниот прв натпревар против Пендикспор.

Фудбалерите на Малатјаспор сезонава имаат 35 порази од 35 досегашни натпревари со гол-разлика 13-129.

Малатјаспор сè уште ги чувствува индиректните ефекти од земјотресот што ја погоди областа во 2023 година. Тогаш клубот загуби играчи, а земјотресот предизвика голема штета и на инфраструктурата на тимот.

- Оглас -

Најнови вести