Верона има комплекс во дуелите со Рома, а и вечерва по 15-ти пат по ред не успеа да ја скроти Римската волчица. На „Марк Антонио Бентегоди“ славеа гостите од Рим со 3:1 со головите на Клајверт, на Пероти од пенал и на Мхитарјан, а почесниот гол за Верона го постигна Фараони.
Три погодоци беа постигнати во првото полувреме, Мхитаријан во финишот на мечот ја потврди победата, а серијалот на Рома против Верона сè уште трае. Во овој век на 15 натпревари по ред Римската волчица нема пораз од Верона, што е една од најдолгите серии во европскиот фудбал и во Серија А.
Со новиот триумф вечерва Рома ја задржа четвртата позиција со 28 бода по 14 кола. И Верона ја задржа својата позиција и покрај поразот, па моментно е на 9-тото место со 18 бода.