Верона речиси 40 години немала ваков биланс против Јувентус (Видео)

Актуелниот италијански првак Јувентус одигра само 1:1 на гостувањето кај Верона во меч од 24. коло во Серија А. По овој кикс Старата дама сега има седум бода зад лидерот Интер.

Двата погодоци на мечот во Верона беа постигнати во второто полувреме. Кристијано Роналдо погоди за водство на шампионот, но домаќините не се предадоа. Барак со гол во 77 минута израмни на 1:1, што се покажа и како конечен резултат.

Верона и во есенскиот дел одигра 1:1 против Јувентус во Торино, а ако се знае дека пред точно една година, Верона на свој терен со 2:1 го победи фаворитот, тоа се три дуели во низа на кои немаат пораз против најтрофејниот италијански тим. Такво нешто на Верона не и успеало речиси 40 години, да не биде поразена од Јувентус на три средби по ред.

 

- Оглас -

Најнови вести