Верстапен доби крилја од Ред Бул и ги прелета сите

Макс Верстапен ја освои Големата награда на Австрија по денешната трка која се одржа на патеката „Ред бул ринг“. Ова е прва победа за Холанѓанецот во 2019 година, а севкупно шеста во Формула 1 кариерата. Верстапен стартуваше од втората позиција, а во сензационалниот финиш прво го престигна Валтери Ботас, а во 68-от круг го нападна и Шарлс Леклер и му го одзеде првото место.

Како да доби крилја од Ред бул, Верстапен ги прелета возачите на Ферари и Мерцедес за прво искачување на највисокото место на подиумот за оваа сезона. Воедно доби и еден поен плус поради што извозе најбрз круг во текот на трката. Зад него е Леклер, а Ботас ја комплетираше тројката на подиумот.

Во финишот од трката имаше битка меѓу Фетел и Хамилтон, а Германецот изби на четвртото место, додека актуелниот светски првак заврши на петтата позиција.

https://twitter.com/F1/status/1145339599314722816

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести