Верувате во репризи? Ако се случи на „Камп ноу“ вечерва, ви носи топ-квота 15 (Фото)

Специјалниот сингл на Sport Life посветен на Лигата на шампионите и денеска е богат за дербито на четвртото коло меѓу Барселона и Интер.

Нераѕурите ја искористија предноста на домашен терен пред една седмица и го победија шпанскиот гигант со 1:0, а стрелец беше Хакан Чалханоглу.

И веднаш на прв поглед во богатата понуда со Специјалниот сингл на Sport Life паѓа в очи топ-коефициентот што се нуди, а е 15 за повторно Чалханоглу да биде прв стрелец на мечот.

Ако верувате во репризи и тоа се случи вечерва на „Камп ноу“, тогаш за одигран сингл за 100 денари на играта: Прв стрелец – Чалханоглу можете да си ќарите 1.500 денари.

Во понудата со Специјалниот сингл на Sport Life има уште 15-мина фудбалери во две варијанти, први да постигнат погодок или да дадат гол во кое било време од дербито што ќе се игра од 21 часот.

Имате и можност да одиграте на победа на еден од двата тима, комбинирано со стрелец, а варијантата Левандовски да даде гол и Барса да победи е со најмала квота од 1.87.

За симпатизерите на Интер сигурно ќе биде привлечна варијантата нивниот миленик да ги освои бодовите, а Лаутаро Мартинес да биде стрелец, што е варијанта со топ-коефициент од 12.

За двојка и Чалханоглу пак да биде стрелец, квотата е 17, а вкупно за двата тима има понуда со 10 различни варијанти на стрелци, по пет на двете страни.

Популарниот Специјал за мечот меѓу Барса и Интер има уште многу различни комбинации.

Може да се одигра дали ќе има пенал и црвен картон и за која екипа, време на прв гол, почетен удар, прв корнер, прв аут, што ќе се случи прво на натпреварот, удари на гол, број на корнери, жолти картони, офсајди, на кој начин ќе биде постигнат првиот гол, па дури можете да се обложувате дека ќе нема голови за квота 19 или дека првиот погодок ќе биде автогол со коефициент 18.

 

- Оглас -

Најнови вести