Црногорецот Веселин Вујовиќ кој во минатото ја водеше и Македонија, а сега е селектор на ракометарите на Катар, призна дека нашиот тим бил подобар од неговиот и објасни која е клучната разлика меѓу европските и азиските репрезентации.
„Македонија денеска беше многу подобра од нас, и заслужено победи. Голема е разликата помеѓу Европа и Азија. Она што им фали на азиските селекции е играњето на тешки натпревари во текот на сезоната. Кога би имале почесто тешки мечеви, би биле поконкурентни“, рече Вујовиќ.