Многумина стручњаци, аналитичари и познавачи предвидуваат како ќе изгледа финалето во Лига на шампиони меѓу ПСЖ и Интер, а интересно е дека вештачката интелигенција даде детална и опширна анализа за тоа како очекува да се движи текот на мечот.
Ако се верува на овие компјутерски предвидувања, ПСЖ прв ќе постигне гол, но на крајот Интер ќе го освои трофејот. Еве како треба да изгледа финалето на ЛШ според раскажувањето на компјутерот.
Прво полувреме
00’–15’ ПСЖ започнува агресивно, доминирајќи во поседот на топката. Витиња го тестира Сомер со удар од далечина во 9-тата минута.
18’ – ГОЛ: ПСЖ – Интер (1:0) – Ашраф Хакими има продор по десната страна, центрира ниско, а Гонсало Рамос од непосредна близина постигнува гол за водство на ПСЖ потврдувајќи ја доминацијата во првата половина од првиот дел.
20’–35’ Интер се прегрупира. Барела и Чалханоглу почнуваат да го контролираат средниот ред. Турам упатува удар во 31-вата минута, но е блокиран.
38’ – ГОЛ: ПСЖ – Интер (1:1) – Корнер за Интер. Чалханоглу уфрлива во шеснаесетникот, а Алесандро Бастони скока највисоко и со глава ја сместува топката во мрежата на ПСЖ за израмнување на резултатот.
Второ полувреме
46’–60’ Тактичка битка на двете страни. Инзаги се префрла на покомпактен среден ред. ПСЖ го додава Баркола за поголема ширина.
63’ – ШАНСА Лаутаро Мартинез се ослободува по долгата топка од Дармијан, но неговиот удар е одбранет од Донарума.
70’–75’ ПСЖ почнува да покажува знаци на замор. Интер го зголемува притисокот.
78’ – ГОЛ: ПСЖ – Интер (1:2) – Контранапад од Интер. Мхитарјан повлекува брзо во нападот, го пронаоѓа Лаутаро Мартинез, а капитенот на Интер бие клинички прецизно недавајќи му на Донарума да реагира.
82’–90’ ПСЖ очајно се фрал се на една карта, а тоа е нападот, но Сомер ја брани најдобрата шанса што ја имаат Светците и тоа од слободен удар на Фабијан Руиз.
Крај на натпреварот: ПСЖ Интер 1–2